Јаник Синер двапати падна на допинг-тест откако беше позитивен на „клостебол“. И покрај сето тоа, тој доби суспензија од само три месеци откако постигна договор со Светската антидопинг- агенција (WADA) и не пропушти ниту еден гренд слем во тој период. Карлос Алкараз, исто така, доминира, освојувајќи гренд слем титули, а легендарниот Бјорн Борг го доведе во прашање понатамошното присуство на Италијанецот на теренот.

  • Бев многу изненаден кога ја прочитав веста за тоа. Се случи двапати. Да се ​​случеше еднаш… Но, се случи двапати, па мислам дека е многу чудно. Не знам што се случи точно, но се надевам дека не е нешто сериозно – изјави Борг за Би-би-си.

Поранешниот светски број еден и човек што освои 11 гренд слем титули, исто така, се потсети на времето кога играше тенис. Имаше слични проблеми и тогаш.

  • Од мојата генерација, познавам некои играчи што користеа работи што не требаше да ги користат. Нема да кажувам имиња, бидејќи не е важно тоа. Сепак, денес е добро што има толку многу тестови – порача Борг.

Познатиот шведски тенисер откри на 69-годишна возраст дека има рак и дека се соочува со борба.

  • Разговарав со докторот и тој ми рече дека е многу, многу лошо. Ми рече дека имам клетки на ракот и дека ќе биде тоа голема борба во иднина. Се тестирам на секои шест месеци, последниот пат бев пред две недели и морам да живеам со тоа – заклучи Борг.

ИЗДВОЕНИ