Експедицијата од 58.000 километри опфаќа океани, континенти и недостапни замрзнати мореузи. На долгиот пат, тој се соочи со разни проблеми: од визи, финансиски тешкотии, војни, до пандемии. На неговата мапа на патот се трите најопасни точки: Беринговиот Теснец помеѓу САД и Русија, Дариенскиот Јаз помеѓу Колумбија и Панама, кои досега ги помина, и тунелот под Ла Манш што ја дели Франција од Велика Британија.
Сега 56-годишниот Британец Карл Башби цели 27 години патува низ светот со правилото „без превоз“. Своето патување го почна во 1998 година, сосема сам, а така продолжи да патува и понатаму. Експедиција од 58.000 километри опфаќа океани, континенти и недостапни замрзнати мореузи. На долгиот пат, тој се соочи со разни проблеми: од визи, финансиски тешкотии, војни, до пандемии.
Пливањето преку Каспиското Езеро и апсењето во Русија се само некои од доказите за неговата упорност и издржливост, пишува „Мондо“. Кога секој избира полесен начин за патување, тој избира различен – сам и пеш. Преминувањето низ одредени области донесе со себе бројни предизвици, а некои на почетокот изгледаа како „невозможна мисија“.
Неговата мисија е да стане првиот човек кој пеш ја обиколил планетата. Своето патување Башби го почна на 1 ноември 1998 година во Пунта Аренас, Чиле. Сега, по речиси три децении, тој сè уште е истраен во оваа авантура.
На неговата мапа на патот се трите најопасни точки: Беринговиот Теснец помеѓу САД и Русија, Дариенскиот Јаз помеѓу Колумбија и Панама, кои досега ги помина, и тунелот под Ла Манш што ја дели Франција од Велика Британија.
Беринговиот Теснец го поминал за само две недели, заедно со Димитри Кифер во 2006 година, кога биле задржани на руската граница за нелегален влез. По неколку тешкотии, тој го продолжил својот далечен пат. Во август минатата година не можел безбедно да влезе во Иран и Русија, па затоа решил да го преплива Каспиското Езеро од Казахстан до Азербејџан. Подготовката за таков подвиг била напорна, тој тренирал и препливал до 16 км. На овој дел од патувањето, бил придружуван од крајбрежната стража, азербејџанската влада и двајца професионални пливачи од Азербејџан. За оваа мисија биле потребни 31 ден, или повеќе од 130 часа пливање.
–Ова е најдобрата маршрута бидејќи е единствената што е одржлива. Неуспехот тука би бил фатален, истакна Башби.
Овој начин на патување ги поместува човечките граници и го тестира духот. Со текот на годините, тој наидувал на многу пречки, но никогаш не се откажувал. Секогаш се држел до својот став, се плашел за својот живот, а осаменоста била голема тешкотија, но продолжил да се бори.
–Враќањето дома, едноставно, не знам, е чудно. Тоа е многу чудно место каде што одеднаш вашата цел во животот нагло запира. Се надевам дека што е можно поскоро ќе продолжам со други работи, одржувајќи ги мојот ум, тело и душа во движење, вели тој, додавајќи дека повторното обединување со неговото семејство би значело и „повторно запознавање на себеси“.
Од патот околу светот, Башби се инспирирал да ја напише книгата „Џиновски скали“ во 2005 година, а само две години подоцна било објавено второто издание. Друштвената игра „Леден тек“ е инспирирана од оваа книга и од преминувањето на Беринговиот Теснец.
Сега, од целта го делат малку повеќе од 3.000 километри, пред да се врати во својот град. Главниот дел од патот што треба да го помине е тунелот под Ла Манш. Засега му се потребни посебни дозволи за да ја помине и оваа етапа. Ваков чин може да трае со години, но со малку среќа, крајот на патот се предвидува до септември 2026 година.