Екипите на Вардар и Пелистер, утревечер (19.00 часот) ќе одиграат уште едно големо дерби, а пред новата пресметка на лутите ривали пристигна и провокација од Битола. На социјалните мрежи навивачите на актуелниот шампион гостувањето го најавија како нова „екскурзија“ во Скопје.
„Многу малку време не дели од еден од најважните натпеваари оваа сезона. Први октомври среда, битлската авангарда повторно на екскурзија во Скопје. Чкембари во поход атакуваат на нова победа на трибините и на терен. Ланското наше издание уште еднаш во низа докажа кој е кој, кога се работи за дерби средбите. Бидете на готовс за уште една чкембарска авантура. Чкембари те повикуваат“, стои во објавата.
Вардарци, пак ги повикаа своите навивачи „Комитите“, во што е можно поголем број да бидат нивниот „осми играч“.
Песната на верните Комити и илјадниците Вардарци вечерва ќе го обојат храмот на ракометот во „црвено-црна“ боја ќе бидат нашиот најголем сојузник и нашиот најголем мотив во борбата за нова победа!
Спремете ги шаловите и чувајте го гласот!