Чистка во хрватските државни фирми: Уапсен шефот на државните инспектори, барал мито од 120.000 евра

18

Хрватскиот шеф на државните инспектори, дел од ХДЗ на Пленковиќ, Андрија Микулиќ, беше уапсен по наредба на хрватското обвинителство за организиран криминал (УСКОК), според Index.hr.

УСКОК издаде налог за апсење на Микулиќ и уште три лица поради сомневања поврзани со аферата со закопување отпад, во која на почетокот на годината беа уапсени сопружниците Јосип и Моника Шинчек, како и лица осомничени за неправилно отстранување на медицински и пластичен отпад заедно со нив на неколку локации во Хрватска, пишува Index.hr.

Покрај тоа што е поврзан со аферата со отпад, Микулиќ е под истрага и на истражителите за каменоломот во Загорје, како што неофицијално дознава Индекс. Постои сомневање дека злоупотреба на службена должност била вмешана во дури два каменолома во областа Загорје, објавуваат медиумите.

Микулиќ наводно побарал од сопственик на компанија мито од речиси 500.000 евра за инспекцијата да му овозможи нелегално да го отстрани тој опасен пластичен и медицински отпад.

Микулиќ, кој претходно беше претседател на ХДЗ од Загреб и член на претседателството на таа партија, ја извршува должноста главен државен инспектор од април 2019 година.

ИЗДВОЕНИ