Кошаркарите на Чикаго Булс се поразени од Кливленд, што е втор последователен пораз за „биковите“ и трет на гостински терен. Булси има водство од 16 поени на полувремето, во еден момент и 19, но домашните играчи одлично започнаа во второто полувреме и победија со 128:122. Најефикасни играчи на Кавалирс беа Де Андре Хантер и Донован Мичел со по 29 поени, Еван Мобли додаде 24, а Џејлон Тајсон имаше 17. Во Чикаго, Окоро имаше 19 поени, а Гиди 15 коша.
Резултати: Вашингтон – Далас 105:111, Филаделфија – Торонто 130:120, Атланта – ЛА Лејкерс 122:102, Мајами – Портланд 136:131, Сан Антонио – Њу Орлеанс 126:119, Денвер – Индијана 117:100, ЛА Клиперс – Феникс 103:114.











