Американскиот плејмејкер Лонзо Бол повеќе не е кошаркар на Чикаго булс, бидејќи ќе ја продолжи кариерата во Кливленд кавалирс, како дел од размената во која беше вклучен и Исак Окоро. Информацијата ја објави почитуваниот НБА- новинар Шамс Чаранија, наведувајќи дека двата клуба се договориле за размена во која Бол ќе ги засили редовите на франшизата од Охајо, додека младиот бек/крило Окоро ќе оди во спротивна насока.

Лонзо Бол неодамна се врати на теренот по повеќе од две и пол години отсуство, предизвикано од сериозните повреди на коленото, кои ја загрозија неговата кариера.

Од октомври минатата година, тој се појавуваше по неколку минути и одигра вкупно 35 минути, со просек од 7,6 поени, 5,8 асистенции и 5,5 скока во тој период.

ИЗДВОЕНИ