Четворица приведени за пожарот во фабриката во Трубарево

107

Во врска со пожарот во складиштето за рециклирање на електронски отпад во Трубарево до овој момент лишени од слобода се четири лица кои што се сопственици или управители на предметниот објект се со цел целосно да се утврдат околностите и причините за настанување на истиот, соопштија од МВР.

Оперативните активности за расчистување на овој настан продолжуваат во координација со надлежен јавен обвинител.

Доцна синоќа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека три лица се приведени, по што од добиените информации од МВР уште едно лице е уапсено денес.

ИЗДВОЕНИ