Четиринаесетгодишно момче е уапсено откако пукало во шест млади луѓе на прометна улица во шведскиот град Гевле.
Пукањето се случило околу 2 часот наутро денес на улица полна со барови и ресторани.
Голем број полициски патроли и служби за итни случаи одговориле на повиците од граѓани.
Момчето е обвинето за обид за убиство и ќе биде испрашувано во текот на денот. Жртвите се малолетници и сите се однесени во болници. Нивната состојба не е објавена.
Мотивот за нападот сè уште не е познат.