Четиринаесет медиумски работници беа приведени во Венецуела додека известуваа за настани во Каракас, објави националното здружение на новинари SNTP.
Здружението го објави ова во понеделник наутро, а подоцна потврди дека сите 14 приведени се ослободени, додека еден странски новинар е депортиран, пренесува „Ројтерс“.
Новинарите известуваат за настаните во Венецуела од саботата, 3 јануари, кога САД започнаа серија воздушни напади врз Каракас и го приведоа претседателот Николас Мадуро, како и маршот во поддршка на Мадуро и инаугурацијата на новата претседателка Делси Родригез.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека сите кинески новинари во Венецуела се безбедни,пренесе „Бета“.












