четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу градски автобус и автомобил...

Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу градски автобус и автомобил во Скопје

100

МВР информира дека вчера утрината во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул. „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с. Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ