сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четири пожари во државава сé уште се активни

Четири пожари во државава сé уште се активни

54

Центарот за управувањесо кризи утрово информираше дека според состојба со пожари на 21.07.2025 до 08:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 3 се под контрола и 15 се изгаснати.

Активни пожари има во:

Oпштина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);

Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација).

Под контрола се ставени пожарите во:

Општина Желино – с. Желино кон Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);

Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);

Општина Струга – помеѓу с. Октиси и с. Белица (сува трева).

Изгаснати се пожарите во: Студеничани – с. Студеничани; Сарај – с. Долно Свиларе; Петровец – с. Горно Коњари; Крушево – с. Селце; Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба; Пробиштип – с. Бунеш; Виница – ул. Славчо Стојменски; Куманово – Градиште; Липково – с. Слупчане; Ранковце – с. Псача, м.в. Гладно Поље; Кратово – с. Железница; Кратово – м.в. Филтер Станица; Гостивар – Депонија; Маврово-Ростуше – с. Дуф; Ресен – с. Покравник.

ИЗДВОЕНИ