Повеќе вооружени лица вечерва ограбија златарница во центарот на Гостивар и со бодликави жици ја блокираа полицијата која веднаш започна потера по сторителите.
На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило “бмв” без регистарски таблички побегнале.
Џипот што бил користен при денешниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража.
Возилото било целосно зафатено од пламен, а според првичните информации, се претпоставува дека сторителите намерно го запалиле за да ги сокријат трагите од грабежот. Полицијата е на терен и врши увид, а засега нема информации за идентитетот на напаѓачите.
Полицијата е на терен и врши увид на местото, при што се собираат траги што би можеле да помогнат во идентификацијата на сторителите. Засега нема информации за нивниот идентитет, ниту за нивната точна локација.