Четири лица се повредени во пожарот што вчера избувна во објект за рециклирање на електронски отпад во Трубарево, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Двајца се хоспитализирани, а двајца се згрижени амбулантски. Повеќе детали за повредените ќе каже министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во 13 часот.