понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Четири лица настрадаа, се трага по исчезнати: Пожар ја уништи грчката фабрика...

Четири лица настрадаа, се трага по исчезнати: Пожар ја уништи грчката фабрика за бисквити „Виоланта“/ВИДЕО

899
screenshot video Youtube Νίκος Σαλέπης trikalaola

Четири работници загинаа, а по уште неколку се трага во урнатините на фабриката за бисквити „Виоланта“ во Трикала, која рано утрово беше зафатена од голем пожар. Уште седум лица, главно жени работнички, беа пренесени во локална болница со сериозни повреди.

На местото на настанот се повеќе противпожарни и итни екипи. Досега се пронајдени четири тела, но се сомнева дека меѓу урнатините има уште жртви.

Пожарот се случил по силна експлозија што се случила од непознати причини на крајот од ноќната смена.

Пожарот избувнал во крилото на фабриката за бисквити, каде што во тој момент имало најмалку 13 работници, претежно жени. Борбата со пожарот сè уште трае, фабриката е практично уништена.

ИЗДВОЕНИ