сабота, октомври 17, 2026
Дома БАЛКАН Четири дена протести во Тирана, 156 повредени: Албански министер со апел до...

Четири дена протести во Тирана, 156 повредени: Албански министер со апел до родителите

0
Фото: Принтскрин

Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Демо, соопшти дека 156 лица се повредени за време на четиридневните протести во Тирана – меѓу кои 97 полицајци, 45 демонстранти и 12 случајни минувачи – и апелираше до родителите да не дозволат нивните малолетни деца да се вклучат во насилни инциденти.

Во изјавата дадена синоќа, Демо наведе дека меѓу повредените има и четворица малолетници, предупредувајќи дека нивното вклучување во политички конфликти и изложувањето на опасност е неприфатливо, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).

Тој ги повика родителите да ги спречат своите деца да учествуваат во напади врз полицијата, уништување на јавен имот и други насилни дејствија.

ИЗДВОЕНИ