Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово

269

Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово, општина Шуто Оризари поради запалениот отпад кој предизвика густ чад и сериозно загадување.

Ангажманот е дел од пошироката акција на Армијата во согласност со одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на воени сили во справување со пожарите и прогласената кризна состојба од Владата.

Во моментов, над 150 припадници на Армијата се распоредени на три критични локации: во Општина Ѓорче Петров се ангажирани над 60 лица, во Крива Паланка околу 30 лица, и над 50 лица во село Николиќ, Општина Дојран.

Армијата, заедно со другите институции, останува активна на теренот во поддршка на гаснењето, логистичка поддршка и проценка на ризици по здравјето на населението. Во моментов во земјава има 63 пожари од кои активни се девет. Под контрола се четири, еден е локализиран и 49 се изгаснати.

ИЗДВОЕНИ