Познатата народна поговорка вели: Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си! Ова ја означува симболиката на празнувањето на едни од најрадосните празници во христијанството, божиќните празници, кои и годинава ќе се одбележат на најдостоинствен начин, според традицијата и обичаите, во домашна атмосфера, со желби за добро здравје и бериќетна година.
Македонскиот народ со многу внимание и почит го одбележува празникот, кој започнува да се слави на Бадник, ден пред Божиќ. Тогаш целото семејство се собира во домот, за да ја слушне радосната вест за раѓањето Христово, која малите бадникарчиња рано наутро, на Бадник, одејќи по куќи, го најавуваат со песна. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека радосната вест ќе се прошири насекаде. Со полноќни литургии и бдеење, пак, во сите православни верски храмови верниците ќе го одбележат раѓањето Христово – Божиќ.
Луѓето се поздравуваат и си отпоздравуваат со зборовите „Христос се роди!“ и „Вајстина се роди!“. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и
многу граѓани ја следат литургијата на телевизија.
Македонскиот фолклорист и долгогодишен истражувач на македонската народна култура, професорот Марко Китевски, во својата книга „Македонски празници и празнични обичаи“ открива значителен дел од богатиот комплекс на црковни и народни обичаи за Бадник и за Божиќ, кои потекнува од најдалечното минато.

Споменот за раѓањето Христово, во првите три века се одбележувал заедно со празникот Водици, кога се празнува крштевањето на Исус Христос. Причина за тоа бил христијанскиот поглед на човековиот живот, кој не му придавал многу значење на телесното раѓање на човекот, туку на неговото духовно раѓање. Но подоцна, се јавила
потреба да се празнува и раѓањето на Господ Исус Христос, а разделувањето на празниците било потребно и од практични причини зашто луѓето не можеле во исто време да бидат и во Витлеем, местото на раѓањето на Исус и на реката Јордан, каде што се празнувало неговото крштевање. Така, раѓањето Христово, односно Божиќ,
добил нов датум.
Тоа е денот кога паганите со многу обичаи, верувања, суеверија, со пијанство, гладијаторски игри… го празнувале раѓањето на новото сонце. Професорот Китевски појаснува дека низ вековите, црквата успеала сите непримерни пагански ритуали да ги сведе на пристојни христијански празнувања, во согласност со христијански
те сфаќања и морал. – Црквата не наметнува ритуали во однос на празнувањето на Бадник, односно на бадниковата вечера. Тоа се чисто битови елементи. Во прв ред,
впечаток остава богатата софра со многу посна храна. На свечената трпеза би требало да се најде запалена свеќа, икона на Исус Христос, Богородица или домашниот светец.
За храна се сукале пити, зелници, за касметот да се засука во куќата, потоа се правеле питулици кои потсетувале на постилките со кои бил повиен Исус, имало уште и сарма, грав, компир, риба, овошје: јаболка, ореви, лешници. Секако, дел од вечерата неизоставно се и ракијата и виното, со кои одат и благословите за среќна и успешна година. Вечерата започнува со Господовата молитва „Оче наш“.
Како што стои во записите од минатото, софрата не се кревала по вечерата, туку се оставала ноќта да стои со верување дека ќе дојде дедо Боже да се нахрани. За истата цел, во некои села, софрата ја изнесувале во дворот и го повикувале: „Повели дедо Боже, да вечераме“, раскажува професорот Китевски.
Она што е карактеристично за бадникарските обреди е и лепчето со паричка, обред со кој се прогнозира среќата во семејството. Лепчето го крши најстариот член на семејството и првото парче било за Господа, едно се остава за куќата, а потоа за секој член.
На ден Божиќ, христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа си одат дома, каде што има подготвено богата трпеза. Адет е и цел ден на масата да стои пченицата во која има ставено свеќа. Ова природно на семејството. Оној што ќе ја најде парата, се сметал за најсреќен.
– Во некои краеви од државата, овој обичај го изведуваат на Василица, односно на Православна нова година. И во едниот и во другиот случај има исто значење: почеток на новата годи на и прогнозирање на среќата. Според тоа, и едното и другото е правилно, зависно за кој крај се однесува. Повеќе логика има тоа да се прави на
Василица кога започнува православна та нова година, но не пречи тоа да се
прави и на Бадник, ако тоа го наложува традицијата, вели професорот Китевски.
Само 12 земји во светот го слават Божиќ на 7 јануари
Само 12 земји во светот го слават Божиќ на 7 јануари. Македонците од христијанската вероисповед, големиот празник Божиќ го прославуваат на 7 декември, заедно со граѓаните на 11 други земји во светот. Тоа значи 13 дена подоцна од остатокот на светот, кој Божиќ го прославуваат на 25 декември. Зошто е тоа така?
Причината поради која го славиме Божиќ на 7 јануари, заедно со уште 11 други земји во светот, е затоа што ние сè уште се водиме според стариот црковен јулијански календар. За раз лика од грегоријанскиот, кој се користи во најголемиот дел од светот. На листата на земји кои прославуваат Божиќ на седмиот ден, освен Македонија, се: Србија, Русија, Белорусија, Црна Гора, Казахстан, Етиопија, Еритреја, Египет, Израел,
Грузија, Молдавија.












