Премиерлигашот Челзи ќе комплетира уште две големи засилувања оваа недела: Џорел Хато и Чави Симонс.
Како што е познато, холандскиот тандем одамна се договори за личните услови и двајцата чекаат финализирање на преговорите меѓу клубовите.
Хато го пропушти натпреварот со Комо во неделата, а Ајакс е подготвен да преговара со Челзи во врска со конечната отштета. Челзи понуди 40 милиони, Ајакс побара 55.000.000, а се очекува конечната сума да биде постигната со одредени бонуси.
Слична е ситуацијата и со Чави Симонс, кого Ред бул Лајпциг го процени на 70.000.000 евра, додека Челзи понуди до 60.000.000. „Сините“ планираат да ги зголемат бонусите, тука за да ја завршат работата и практично да потпишат со уште две многу важни засилувања за минимум 100.000.000 евра.
Инаку, досега на „Стемфорд бриџ“ пристигнаа: Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Жоао Педро (Брајтон), Лиам Делап (Ипсвич), Естевао (Палмеирас) и Дарио Есуго (Спортинг Лисабон).
Челзи потроши над 240 милиони евра за претстојните трансфери, но се очекува да оствари добра заработка, бидејќи Ѓорѓе Петровиќ и Нони Мадуеке досега собраа околу 90 милиони евра. Се очекува и Кристофер Нкунку, Рахим Стерлинг, Жоао Феликс и Аксел Дисаси да ја наполнат касата.