Челзи ќе биде во големи проблеми ова лето

911
epa11962569 Chelsea manager Enzo Maresca (2-L), Christopher Nkunku of Chelsea (L) and teammates shake hands after winning the UEFA Conference League Round of 16, 2nd leg soccer match Chelsea FC against FC Copenhagen, in London, Britain, 13 March 2025. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Се ближи крајот на сезоната во европските натпреварувања и клубовите веќе ја планираат следната сезона, а Челзи ќе има многу работа ова лето.

Лондонските „сини“ игра солидно во сега веќе изминатата сезона и на мускули изборија пласман во Лигата на шампионите.

Што се однесува до Конференциската лига, Челзи доминираше и лесно стигна до финалето каде го очекува тимот на Бетис од Севилја, но „сините“ летово ќе имаат големи проблеми со играчите кои се враќаат од позајмица.

Челзи е познат по тоа што секогаш испраќа голем број играчи на позајмица, а летово има дури 17 кои се враќаат на „Стемфорд Бриџ“.

Најзабележителни имиња во моментов на позајмица се Стерлинг, Феликс, Дисаси и Кепа Аризабалага, кои имаат огромни плати.

Ова ќе биде најголемиот проблем за „сините“ бидејќи четворицата имаат големи плати и нема да биде лесно да се ослободат од нив.

Поради нивните високи барања за плата, нема многу клубови заинтересирани за нивните услуги, а проблем плус е и фактот дека не се во добра форма.

Челзи нема да може да доведе многу нови играчи додека не се ослободи од старите, а тоа може многу да ги попречи Мареска и неговиот стручен штаб во подготовките.

Италијанскиот стручњак нема да знае со што располага речиси до крајот на преодниот рок и нема да може да воигра тимот како што сака.

Раководството на Челзи очајно бара решение за овој проблем бидејќи не може многу да размислува за доведување на нови играчи додека не ја олабави структурата на платите.

 

ИЗДВОЕНИ