Премиерлигашот Челзи ѝ плати на Борусија од Дортмунд 64,5 милиони евра за трансферот на Џејми Бајно-Гитенс, според фудбалскиот извор Фабрицио Романо. Според извештаите, младиот англиски фудбалер ќе потпише седумгодишен договор веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство.

Дортмунд продолжи со феноменалните трансфери на Англичани. Ова ќе биде трета голема продажба на фудбалер од Островот во последните три години, по Џуд Белингам (113 милиони) и Џејдон Санчо (85 милиони).

Интересно е што „милионерите“ го доведоа Бајно-Гитенс во своите редови без надоместок. Тренерот Енко Мареска го гледа како долгорочно решение на позицијата лево крило.

ИЗДВОЕНИ