
Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити откри дека раководните лица се сериозно загрижени поради моменталната форма на искусниот играч за врска, Родри. Шпанскиот интернационалец пред неколку недели се врати на зелениот терен по тешката повреда на коленото, а не е никаква тајна дека Родри е голема желба на првиот човек на Реал (М), Флотентино Перез.