Челниците на Реал (М) му рекоа „доста“ на безобразниот Винисиус!

930
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Винисиус Жуниор има договор со Реал (М) до 2027 година, а има информации дека голем број европски гиганти би сакале да го видат во своите редови.

„Кралскиот клуб“ неодамна започна преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот, но сè уште не е постигнат договор.

Бразилецот не успеа да постигне договор за продолжување на соработката со Реал (М) откако побара годишна плата од 30 милиони евра. Со оваа сума, тој би станал најплатениот фудбалер во тимот.

Покрај плата од 30 милиони евра по сезона, Винисиус Жуниор побара и бонус за потпишување на новиот договор од Реал (М). Челниците на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ не се согласија ниту со тоа и ги прекинаа преговорите.

Реал (М) верува дека Винисиус Жуниор се обидува да ги „уценува“ за да добие повеќе пари.

Шефовите од „Бернабеу“ веруваат дека Вини е повеќе преокупиран со пари, поради што неговите перформанси значително се намалија минатата сезона, забележува beinsports.com.

Реал (М) е подготвен да се откаже од Винисиус за 150 милиони евра доколку бразилската ѕвезда не ги намали своите барања. Бразилецот пристигна во мадридскиот клуб во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра.

Минатата сезона, тој настапи на 58 натпревари во сите натпреварувања и постигна 22 гола и запиша 19 асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ