
Премиерлигашот Евертон доби сериозна конкуренција во Вест Хем кога е во прашање потписот на холандскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе. Младиот напаѓач не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа британските медиуми се убедени дека поранешниот фудбалер на Ајакс ќе го напушти „Олд Трафорд“ за време на зимскиот преоден рок.











