
Најпознатиот новинар кога се во прашање фудбалските трансфери, Фабрицио Романо, ја пласираше и информацијата дека трофејниот стручњак, Чави Хернандез, е заинтересиран за менаџерската позиција во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Од друга страна, британските медиуми се убедени дека е прашање на време кога Јунајтед ќе стави крај на соработката со актуелниот менаџер, Рубен Аморим.