Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2025 – во Индија, на 31 мај

153

Студентката од Скопје, Чарна Невзати, ќе биде 16. убавица што ќе ја претставува Македонија на најпрестижен светски избор за женска убавина, „Мис на светот“. Во годините наназад, од осамостојувањето, Македонија учествуваше на „Мис на светот“ дури 15 пати. Оваа година, Чарна Невзати ќе биде дел од 72. избор на убавина за Мис на светот, на кој ќе учествуваат 120 држави, а ќе се одржи на 31 мај, во Индија. Зад лиценцата за „Мис на Македонија“ за „Мис на светот“ сега стои нов сопственик. Тоа е Шаќир Села, кој е сопственик и на модната агенција „Даман“ од Истанбул, Турција.

Инаку, поранешна сопственичка на лиценцата за изборот беше Лидија Велковска. Во нејзина организација се избираа девојките што ја претставуваа државата на светските избори. Македонските избори, за жал, најчесто поминуваа со скандали, обвинувања и со критики на сметката на организацијата, па голем број од нашите мис многу се жалеа. Во 1996 година, со медиумска поддршка од тогашниот таблоид „М експрес“, првпат за најубава во независна Македонија беше избрана Вера Мештеровиќ.           (Д. М.) фото:Инстаграм

 

ИЗДВОЕНИ