Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е добра ваквата инвестиција за компанијата „Чагатај кабло“, но и за локалната заедница, за националната економија и за иднината на секој млад човек што сака да остане тука. – Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности, земја во која се исплатува трудот – потенцира Мицкоски

Во скопската индустриска зона почнува да се гради нова фабрика. Компанијата „Чагатај кабло“ ќе вложи 6 милиони евра во изградба на новиот објект со површина од 10.000 квадратни метри, и ќе се отворат нови 200 работни места. Како што најави претседателот на Управниот одбор на компанијата, во производствените капацитети на „Чагатај кабло“ во ТИРЗ Скопје ќе работат вкупно 500 работници.

За премиерот Христијан Мицкоски, кој фрли лопата во темелите на новата фабрика, истакна дека секој ваков почеток не е добар само за компанијата туку и за локалната заедница, за националната економија, како и за иднината на секој млад човек што сака да остане тука.

– Ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде, во нашата татковина. Ова е само еден од многуте примери како се создава економски раст. Секој ваков почеток не е добар само за компанијата. Тој е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде. Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности, земја во која се исплатува трудот, земја во која инвестицијата има смисла, земја во која институциите му се партнери на бизнисот – не пречка, туку поддршка – подвлече Мицкоски.

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Гоце Димовски, во своето обраќање посочи дека ова не претставува само признание за економските политики што се спроведуваат туку и потврда за зголемената доверба на странските инвеститори во оваа Влада.

– Денес не само што ја одбележуваме довербата што компанијата повторно ја укажа во нашата држава туку и зацврстуваме едно партнерство што се темели на напорна работа и на заедничка визија за економски напредок. Особено ме радува што плановите за овој инвестициски проект беа претставени неколку недели по формирањето на оваа Влада, а веќе денес започнува и неговата реализација – кажа Димовски.

„Чагатај кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Во првиот квартал има раст на БДП и на извозот, трговскиот дефицит намален за 80 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека бруто домашниот производ во првиот квартал од годинава пораснал за 3,2 проценти, иако многу земји во рамките на ЕУ се во рецесија. Странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа на ниво од 1 милијарда и 255 милиони евра. Извозот во првите 5 месеци од оваа година е 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани. А, индустриското производство, само во мај, бележи раст од 9,4 проценти.

Во првите два месеца од вториот квартал, април и мај, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година.

 

ИЗДВОЕНИ