Чаби Алонсо склопува вистинска „машина“

2016
epa11959821 Players of Real Madrid celebrate with their supporters after winning the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match between Atletico Madrid and Real Madrid in Madrid, Spain, 12 March 2025. EPA-EFE/Juanjo Martin

По феноменалната играчка кариера, Чаби Алонсо одлично ја започна својата тренерска кариера. Со Баер од Леверкузен постигна големи успеси како освојување на трофеите во Бундеслигата и Купот на Германија.

Сето тоа не остана незабележано, па поранешниот играч за врска наскоро ќе ја преземе клупата на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М).

Алонсо веќе почна да составува тим, а со новите засилувања ќе изгледа многу моќно.

Реал (М) веќе има многу добар играчки кадар, но имаше дефицитни позиции во бековската линија. Сега, „кралскиот клуб“ го договори доаѓањето на Трент Александер-Арнолд и Деан Хуијсен, а постојат реални шанси да биде ангажиран и Алваро Карерас.

Фудбалерот на португалскиот гигант Бенфика игра одлично оваа сезона и заедно со Трент и Хуијсен ќе ја комплетира одбраната на мадридскиот клуб.

Чаби Алонсо речиси секогаш играше со тројца играчи во дефанзивната линија за време на неговиот престој во Баер Леверкузен, а тоа се очекува и на „Сантијаго Бернабеу“.

Тројцата пред Куртоа треба да бидат Раул Асенсио, Антонио Рудигер и Дин Хуијсен, кој пристигнува од Борнмаут.

Крилните играчи или т.н. „крилните бекови“ ќе бидат двајца дебитанти во клубот, Александер-Арнолд и Карерас.

Средниот ред ќе им припадне на тројца одлични играчи – Федерико Валверде, Ауреиен Чуамени и Џуд Белингам.

Двајцата најистакнати играчи на врвот на нападот ќе бидат двете најголеми ѕвезди на „кралскиот клуб“ – Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор.

Навистина импресивен состав кој би можел да работи заедно уште во јуни на Светското клупско првенство.

За потсетување, Светското клупско првенство ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14 јуни до 15 јули.

ИЗДВОЕНИ