
Во таборот на шпанскиот гигант Реал (М) владее голем хаос. Ѕвездите на „кралскиот клуб“, според шпанските медиуми, се незадоволни од начинот на кој тимот го води Чаби Алонсо и сакаат тој да си замине од клупата.
Сè започна со Винисиус Жуниор, потоа незадоволството стана сè поголемо, а тренерот целосно ја изгуби соблекувалната.
„Неколку играчи на Реал (М) сакаат Чаби Алонсо да си замине. Нивниот однос со него е целосно нарушен. Дури и некои од најважните членови на раководството веруваат дека е потребно да се отпушти“, тврди шпанскиот новинар Хорхе Пикон.
„Постојат сомнежи за Чаби Алонсо поради неодамнешните резултати и начинот на кој игра тимот. Управата е загрижена поради фактот што голем број играчи му го свртеа грбот“, објавија шпанските медиуми.
Доколку раководството на Реал (М) одлучи да го отпушти Чаби Алонсо, тој нема долго да остане без работа, а веќе е познато е каде би ја продолжил кариерата.
Ливерпул широко ги отвори вратите на клубот за 44-годишникот. Резултатите што моментално ги забележува Арне Слот се катастрофални и нема да биде изненадување ако Холанѓанецот биде отпуштен.
„Црвените“ се подготвени да го чекаат Чаби Алонсо. Неговото заминување од Реал Мадрид ќе значи работа на „Енфилд“, а самиот Чаби е подготвен ако Ливерпул го повика.
„Чаби Алонсо е подготвен да дојде во Ливерпул ако клубот го повика. Неговата позиција во Реал (М) е разнишана откако голем број играчи му го свртеа грбот“, објавува „Индикаила“.











