Италијанците реагираа луто откако популарната британска веб-страница „Гуд Фуд“ објави рецепт за традиционално јадење кое не ги содржеше „точните“ оригинални состојки.
И не само тоа. Тие се лути и затоа што рецептот за јадење со тестенини, најчесто поврзан со областа Рим, беше протолкуван со потсмев и класифицирање на јадењето како брза храна.
Тестенината „качо е пепе“ (cacio e pepe) е омилено римско јадење, познато по тоа што е едноставно, но изненадувачки предизвикувачко за подготовка.
Затоа, многумина беа вознемирени од описот на рецептот на веб-страницата „Гуд Фуд“ како нешто што може да се направи за „брз ручек“.
Рецептот наведува четири состојки – шпагети, црн пипер, пармезан и путер, а како опција се предлага и павлака.