Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека развојот на нови руски системи за оружје, како што е ракетата Буревестник, е одговор на она што таа го нарече „дестабилизирачки потези на НАТО“.
– Што се однесува до системите како Буревестник, како што руското раководство постојано нагласува, нивниот развој е неопходен и се спроведува за да се зачува стратешката рамнотежа, изјави Захарова на редовниот брифинг, додавајќи дека „Русија е принудена да реагира на сите дестабилизирачки дејствија на НАТО во областа на ракетната одбрана“, пренесува ТАСС.
Претходно, началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов го информираше претседателот Владимир Путин дека се завршени тестовите на крстосувачка ракета со „неограничен дострел“.
Според него, ракетата останала во лет околу 15 часа за време на тестовите и патувала повеќе од 14.000 километри.






