Бурата Ејми ја парализира Ирска: Стотици илјади домаќинства без струја, едно лице загина

29

Ирските компании за електрична енергија ESB и NEI Networks денес предупредија дека може да поминат неколку дена пред сите потрошувачи во Ирска повторно да имаат струја поради бурата Ејми.

ESB и NIE Networks соопштија дека во врвот на бурата, стотици илјади домови низ островот останале без струја, објавува Гардијан.

До пладне, тој број значително се намалил, со 49.000 домови без струја во Ирска.

Ирската полиција соопшти дека еден маж починал во бурата Ејми, која предизвикала поплави, соборила дрвја, го нарушила сообраќајот и предизвикала затворање на училиштата.

Полицијата потврди дека еден маж во 40-тите години починал во округот Донегол.

Во областа е издадено највисоко црвено предупредување, а на жителите им е кажано да останат во засолништа.

Метеоролозите предвидуваат дека најлошото од бурата ќе помине утре, кога се очекува Ејми да се движи кон Скандинавија.

ИЗДВОЕНИ