Бурата „Алис“ пристигна во Европа/ФОТО/ВИДЕО

499

Западна Европа е погодена од силна бура наречена Алис, а најтешко е погодена крајбрежјето на Коста Бланка во Шпанија, каде што е прогласено највисоко ниво на тревога.

Метеоролозите предупредуваат на „исклучителен ризик“ поради обилни врнежи од дожд што би можеле да предизвикаат поплави, особено во туристичките центри како Аликанте и Валенсија.

Шпанската метеоролошка агенција AEMET издаде црвена тревога, наведувајќи дека се очекуваат повеќе од 140 милиметри дожд за само 12 часа.

„Постои исклучителен ризик. Можни се поплави и ненадејни поплави. Следете ги упатствата на цивилната заштита“, гласи предупредувањето.

Според прогнозите, врнежите од дожд треба да започнат околу 10 часот наутро денес и да траат до понеделник, а покрај Валенсија, ќе бидат погодени и регионите Мурсија и Балеарските Острови.

Службите за итни случаи се во состојба на тревога и на Ибица, каде што е прогласена портокалова тревога поради бури и силни ветрови. Локалните власти предупредуваат дека поројните дождови би можеле да предизвикаат локални поплави во низините, реките и потоци.

Валенсија претрпе катастрофални поплави во октомври минатата година, во кои загинаа повеќе од 220 луѓе. Трагедијата потоа предизвика масовни протести од граѓаните, кои ги обвинија властите дека не го предупредиле населението навреме.

Само пред еден месец, истата област повторно беше погодена од обилни дождови што ги затворија училиштата и универзитетите, предизвикаа прекини во железничкиот и патниот сообраќај, како и нови локални поплави.

Метеоролозите сега стравуваат дека Алис би можела да донесе слично сценарио ако врнежите продолжат со ист интензитет во текот на викендот.

ИЗДВОЕНИ