сабота, јануари 24, 2026
Дома СПОРТ Бура во Ливерпул – Слот не го зема Салах во Милано

Бура во Ливерпул – Слот не го зема Салах во Милано

646
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Фудбалерите на Ливерпул по тренингот денес попладне заминаа за Милано, каде што ќе го играат натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во вторник во 21:00 часот.

Тренерот на англискиот клуб, Арне Слот, поведе 19 играчи на патувањето. На списокот се Алисон Бекер, Џорџи Мамрдашвили, Фредерик Вудман, Џо Гомез, Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате, Милош Керкез, Конор Бредли, Велити Лаки, Енди Робертсон, Рајан Гравенберг, Рио Нгумоха, Треј Њони, Кертис Џонс, Флоријан Вирц, Доминик Собослај, Алексис Мекалистер, Александар Исак и Хуго Екитиек.

Холанѓанецот нема да смета на Мохамед Салах во Милано. Британските медиуми претходно денес објавија дека Ливерпул одлучил да го исфрли напаѓачот од тимот поради неговата изјава од пред два дена, кога бил незадоволен што не играл против Лидс.

„Направив толку многу за овој клуб во текот на годините, особено минатата сезона. Сега седам на клупата и не знам зошто. Се чини дека клубот ме фрли под автобусот. Така се чувствувам. Мислам дека е многу јасно дека некој сакаше јас да бидам виновен. Клубот ми вети многу ова лето, но јас седам на клупата три натпревари“, рече Салах тогаш.

Египетскиот фудбалер има постигнато пет гола и три асистенции во 19 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, додека минатата година имаше постигнато 34 гола и 23 асистенции во 52 натпревари.

Салах дојде во Ливерпул од Рома во 2017 година, а потпиша нов двегодишен договор со челниците на клубот во април.

Ливерпул моментално е на 13-то место на табелата во Лигата на шампионите со девет бода, додека во Премиер лигата се на деветтата позиција со 23 освоени бода.

ИЗДВОЕНИ