Бура го парализира аеродромот во Загреб, невремето пристигна и во Србија/ФОТО

1125

Невремето и силниот ветер привремено го запреа сообраќајот, вклучително и слетувања и полетувања на најголемиот аеродром во Хрватска, Загреб.

Шест авиони кружат околу небото над Карловац дваесетина минути, некои од нив се обиделе и да слетаат, но поради силниот ветер од безбедносни причини се откажале од слетувањето.

Само неколку линии доцнат повеќе од 40 минути. Поради лошото време можни се одложувања и откажувања до крајот на денот.

Летот од Рим бил пренасочен кон Виена, додека авионот од Амстердам го откажал слетувањето и се упатил кон Трст. Ненадејна промена на дестинацијата им се случи и на патниците од Истанбул кои завршија во Будимпешта.

Покрај Хрватска, големо невреме е забележано и во Србија. Републичкиот Хидрометеоролошки завод вечерва издаде уште едно предупредување дека во текот на вечерта и ноќеска се очекуваат врнежи со грмежи и засилен ветер.

Најавено е дека зоната на врнежи ќе се движи кон другите делови на Србија во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок, придружени со заладување и засилен северозападен ветер.

ИЗДВОЕНИ