Со континуирана интензивирана работа на терен, наскоро булеварскиот влез од страната на Прилеп ќе го добие потребниот заокружен изглед.
– Изградбата на терен се одвива со интензивно темпо, со дневни и со ноќни активности (асфалтирање, поставување инсталации, уредување тротоари, атмосферска канализација) – информира градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Тој додава дека распоредот на движење на возилата е поставен така што се минимизираат застоите во сообраќајот и истовремено е обезбедена квалитетна изведба.
– Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ги рефлектира неговата историја и современоста – нагласува Коњановски.