– Кога ќе се намали сообраќајниот метеж, а тоа ќе се случи откако нашите сограѓани што работат во странство повторно ќе заминат назад на работа, ќе продолжиме со пробивање на кракот на булеварот. Во меѓувреме, се појави уште еден проблем. Едвај најдовме компанија што може да исече топола висока 60 метри, благодарност до субјектот од Општина Липково. Средствата се обезбедени, вметнати во програмата, завршени се тендерите, изведувачите и продолжуваме со работа по средината на август – изјави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски
Трасата на „Октомвриска револуција“ ќе се пробива по 15 август годинава, информираа од Општина Куманово. Целта е да се избегне дополнителен сообраќаен метеж, кој го има во моментов.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакна дека имало неколку имотноправни пречки, кои биле надминати со поддршка од Владата.
– Кога ќе се намали сообраќајниот метеж, а тоа ќе се случи откако нашите сограѓани што работат во странство повторно ќе заминат назад на работа, ќе продолжиме со пробивање на кракот на булеварот. Во меѓувреме, се појави уште еден проблем. Едвај најдовме компанија што може да исече топола висока 60 метри, благодарност до субјектот од Општина Липково. Средствата се обезбедени, вметнати во програмата, завршени се тендерите, изведувачите и продолжуваме со работа по средината на август – изјави Димитриевски.
Надлежните од Општината очекуваат дека со изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“, со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ ќе се намали сообраќајниот метеж во Куманово.
Како што соопштија претходно од Секторот за комунални дејности, за овој проект се одвоени приближно 27 милиони денари, со вклучен данок на додадена вредност.
Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците што гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно, Општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.
Ова ќе биде четврти кружен тек во Куманово, по трите изградени на булеварот „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај Митев мост.