четврток, февруари 26, 2026
Дома МАГАЗИН Буквално ги „проголта“ земјата: Автомобили пропаднаа во дупка откако се урна пат...

Буквално ги „проголта“ земјата: Автомобили пропаднаа во дупка откако се урна пат на американска крстосница/видео

50
Фото:принтскрин, видео Х

Дел од патот се урна на сообраќајна раскрсница во американскиот град Омаха, Небраска, и два автомобила со патници паднаа во дупката, според снимките од безбедносните камери објавени од градската полиција, пренесе „Индекс’.

Достапните снимки го покажуваат моментот кога асфалтот одеднаш се урива под возилата што се движат низ раскрсницата, по што автомобилите паѓаат во дупката.

Властите го затворија патот бидејќи постои можност за понатамошно уривање. И покрај драматичните сцени, никој не беше повреден во инцидентот. Возачите успеаја да ги напуштат возилата без сериозни последици, а службите за итни случаи брзо го обезбедија местото.

 

 

ИЗДВОЕНИ