Американскиот кошаркар Девин Букер е нов член на Олимпија Милано, објави тимот од Евролигата. Како што беше најавено, 34-годишниот кошаркар потпиша договор со раководството на Олимпија до јуни 2027 година. Букер пристигна во Олимпија од Баерн. Претходно играше за Фенербахче и Химки.

Американецот моментно е четвртото засилување на Олимпија ова лето, по Марко Гудуриќ, Лоренцо Браун и Квин Елис.

Олимпија претходно објави дека Гилермо Карузо го напуштил клубот. Овој 26-годишен Италијанец го напушта Милано по две сезони. Италијанските медиуми објавија дека повремениот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во Наполи.

Пред Карузо, клубот го напушти Фреди Гилеспи, а најавено е и заминување на Никола Миротиќ.

ИЗДВОЕНИ