Со силна порака на солидарност и грижа за најранливите, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку своето редовно лајв обраќање на социјалните мрежи, ја најави иницијативата за отворање на општинска народна кујна во Топана, во партнерство со хуманитарни и невладини организации, финансирана од Општина Чаир, стои во соопштението на ДУИ.
Османи порача дека вистинското лидерство се мери со тоа колку се грижиме за оние што имаат најмалку, потенцирајќи дека токму Топана, населба позната по своите тешки животни услови, ќе стане симбол на новата општинска политика на човечност и солидарност.
„Топана е една од најсиромашните населби во нашата општина. Луѓето таму живеат во навистина тешки услови. Затоа мора да почнеме од најосновното – храната. Ќе отвориме народна кујна за да им помогнеме на семејствата во потреба, а потоа ќе продолжиме со инфраструктурни проекти за кои веќе имаме конкретен план,“ вели Османи.
Со оваа најава, Османи уште еднаш покажа дека неговата визија за Чаир не е само политичка програма, туку вистинска мисија за достоинствен живот на секој граѓанин.
Иницијативата за народната кујна е јасен сигнал дека време е за нова ера во Чаир – ера на хуманост, конкретни дела и блискост со народот.