Според тој извор, двајца од тројцата потпретседатели на владата во новата влада се поранешни вработени во Фондацијата за отворено општество на Сорос, која започна со работа во Софија во 1990 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим.
Први кои гласаа за основање комисија за истрага на активностите на фондациите на Сорос беа претставниците на опозџицијата – партијата „Препород“ и дел од силите на партијата „Меч“ и „Постои таков народ“.
Иницијативата ја поддржаа и социјалистите и некои пратеници од владиниот блок „ГЕРБ-СДС“.
Предлогот го поднесе партијата „Движења за правата и слободите“, која ја предводи Дељан Пеевски, кој е под санкции во САД и Велика Брианија поради корупција.
ДПС речиси една година настојуваше на создавање на таква комисија, но досега не успеа да обезбеди доволна поддршка од парламентарците.
И индијската агенција за финансиско разузнавање изврши претреси во локалната канцеларија на фондот на американскиот милијардер.
Во септември американскиот претседател Доналд Трамп најави отпочнување голема истрага против Сород и неговите мрежи на организации.
.












