Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека до амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси Поповска, е доставена протестна нота поради наводни случаи на сквернавење на бугарските национални симболи.
На средбата меѓу Поповска и Јордан Прванов, генерален директор за европски прашања, беше изразена сериозна загриженост за, како што се наведува, неодамнешните случаи на сквернавење на бугарските национални симболи на територијата на соседната земја.
Како што објавија бугарските медиуми, на 4 мај 2025 година, неколку часа откако беа положени венците на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, беше откриено дека меѓу многуте положени венци, биле отстранети само лентите со бугарскиот тробојка.
Бугарското Министерство за надворешни работи категорично ги осудува ваквите непријателски дејствија.