Бугарија распишува референдум

121

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека денес ќе поднесе предлог за одржување национален референдум за тоа дали Бугарија треба да се приклучи на Еврозоната.

Радев изјави дека во текот на денот ќе предложи референдум со прашањето „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“, објави бугарската агенција БТА.

Тој истакна дека, иако бугарската влада има обврска кон договорот потпишан со Европската Унија, нејзината најголема обврска е кон бугарскиот народ, како и дека промената на националната валута е прашање од големо значење и заслужува вистинска дискусија.

ИЗДВОЕНИ