Млада жена, државјанка на Србија, загина денеска во Будва, кога при парасејлинг се одврзала од сајлата и паднала во морето од височина од повеќе од 50 метри.
„Вијести“ од итната помош и од полицијата неофицијално добила потврда дека девојката починала.
Како што јавува весникот, според очевидци, девојката веднаш по падот во водата со чамец била пренесена во градската марина, каде екипа на итаната помош можела само да констатира смрт.
Истрагата за случајот е во тек.
Парасејлингот е многу популарен адреналински спорт кој овозможува да се лета над водата со падобран кој го влече глисер.