Црногорскиот ракометен шампион, Будуќност, полека го склопува играчкиот ростер за наредната сезона, во која ќе влезе со големи амбиции.
Како прв потег беше договорот со левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, која ќе замине од романскиот првак ЧСМ Букурешт на лето и ќе се врати во својата татковина.
Покрај Јауковиќ, Будуќност ја ангажира и српската репрезентативка Јована Скробиќ, потоа репрезентативката на Фарските Острови – Суна Хансен, Хрватката Хана Вуљак… а договорите ги продолжија Армел Атингре, Марија Марсениќ…
Иако годинава не обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, за наредната сезона формира тим за повисоки дострели.











