Будимпешта на нозе, десетици илјади на улица против Орбан, а тој со свој митинг пред парламентот

92

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во поддршка на опозицискиот политичар Петер Мазар, лидер на либерално-конзервативната партија „Тиса“.

Мазар, според најновите анкети, има реални шанси да му се спротивстави на актуелниот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори во април 2026 година. Тој остро го обвини Орбан дека се приближува кон Кремљ и дека ја предава унгарската независност.

Масовниот протест, наречен „национален марш“, се одржа на државниот празник со кој Унгарија ја одбележува годишнината од антикомунистичкото востание од 1956 година – симболичен момент на кој Мазар ја започна својата изборна кампања.

Истовремено, Орбан одржа сопствен митинг пред парламентот, кој го нарече „Марш на мирот“. Во својот говор тој повторно ја нападна Европската Унија за нејзината политика кон Украина и го обвини својот противник дека сака да ја вовлече Унгарија во војна.

Овие настани го означуваат почетокот на една од најнеизвесните изборни години во поновата унгарска историја.

ИЗДВОЕНИ