Будимпешта е следната станица за македонските кикбоксери!

1

Викендов македонските кикбоксери ќе настапат на 31от Светски кикбокс куп – Hungarian Kickboxing World Cup 2026, кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија.

Единаесет кикбоксери повторно со сопствени средства од четири кикбокс клубови (КБК Шампион Скопје, КБК Адора Скопје, КБК Ронин Прилеп и КБК Арена Струмица) во придружба на своите тренери отпатуваа за Унгарија, а нашиот тим ќе има свој претставник и во судискиот дел од натпреварувањето – Елена Неделковска, нашата најдобра и најреномирана македонска меѓународна судијка.

Купот во Будимпешта е еден од најквалитетните и највисоко рангирани кикбокс турнири во Европа, со долгогодишна традиција, на кој секоја година настапуваат голем број квалитетни натпреварувачи од различни земји.

Македонските претставници ги очекуваат силни и квалитетни борби, а од нив се очекуваат добри настапи и борба за медали.

Македонија на овој турнир ќе ја преставуваат:

* Бабоски Калин
* Туркер Исмаил
* СмилевскиАндреј
* Степанулески Емил
* Талески Леонид
* Велески Радослав
* Велков Петре

„Hungarian Kickboxing Open“ – деца и младинци

* Чавков Митко
* Илиев Александар
* Колев Христијан
* Колев Лука

Македонската Кикбокс Федерација на сите натпреварувачи и тренери им посака многу среќа, успешни настапи и освојување медали, а на Елена Неделковска успешно претставување на Македонија во судискиот тим турнирот.

ИЗДВОЕНИ