Летото е омилено време од годината на многу луѓе – сè додека не излезете на тераса со ладен пијалак и осите не почнат да ви прават друштво. Тие зујат околу вашата глава, влетуваат во чашите, ви го нарушуваат ручекот и предизвикуваат непријатност. Освен што се досадни, тие можат да бидат и опасни, особено за луѓе кои се алергични на нивното убодување.

Ако не сакате да поминете уште едно лето мавтајќи со рацете и бегајќи од скарата, ви го носиме наједноставниот и најефикасниот трик за ослободување од оси.

Исечете го лимонот на половина и ставете неколку парчиња каранфилче во секоја половина. Осите не можат да го поднесат тој мирис, па затоа ќе ги држи на растојание. Освен што е ефективен, служи и како декоративен додаток на масата.

Исто така одлична улога може да одигра и босилекот, лавандата, нането и жалфијата. Тие се природни репеленти. Засадете ги во саксии на вашата тераса, балкон или градина. Освен што го освежуваат просторот, тие ги одбиваат и несаканите посетители.

ИЗДВОЕНИ