петок, јануари 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бруто надворешниот долг намален за 203 милиони евра

Бруто надворешниот долг намален за 203 милиони евра

40

На крајот од првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.117 милиони евра и забележува квартално намалување од 203 милиони евра, соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања се намалени за 204 милиони евра и изнесуваат 7.487 милиони евра. При истовремено намалување на обврските и побарувањата во речиси идентичен обем, кај нето надворешниот долг бележиме минимално квартално зголемување, така што на крајот од март 2025 година тој изнесува 4.630 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ