вторник, февруари 17, 2026
Дома МАГАЗИН Брутално нападнат синот на популарната пејачка Снежана Ѓуришиќ – Уште една пресметка...

Брутално нападнат синот на популарната пејачка Снежана Ѓуришиќ – Уште една пресметка во Белград

490

46-годишниот Марко Гвозденовиќ е син на популарната балканска пејачка Снежана Ѓуришиќ, а која е инаку дел од жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, во кое и Снежа ги оценува настапите на кандидатите од Македонија. Нејзиниот син Марко, вчера беше брутално физички нападнат и итно примен во болница. Со ова, само се надоврзуваат нападите на познатите личности или на членови на нивните семејства во српската метропола.

Според неофицијални информации, нападот се случил кога Гвозденовиќ отишол пеш да го посети својот роднина кој живее блиску до него. На патот до роднината бил пресретнат од двајца крупни мажи. Настанала крвава тепачка во која Гвозденовиќ е тешко повреден. Мама Снежана е во голем шок, загрижена и нерасположена за изјави.

Кај Марко се констатирани скршени ребра, но тој е во општо стабилна состојба, иако е задржан во болницата. Истрагата за целиот случај ја презело Првото основно јавно обвинителство во Белград. Се очекува, деновиве, против напаѓачите да бидат поднесени соодветни кривични пријави.  (Д. М.) фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ