Повеќе демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени вчера вечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести каде, според извештаите од некои медиуми и снимките од социјалните мрежи, поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) фрлаа пиротехнички средства и разни предмети врз групи студенти и граѓани.
Бранот студентски и граѓански протести трае повеќе од девет месеци низ цела Србија по трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешница на неодамна реконструираната железничка станица, при што загинаа 16 претежно млади луѓе, за што демонстрантите ја сметаат владата за виновна и одговорна и бараат одговорност за последиците од коруптивните зделки и небрежно извршената работа.
Kordon izgurao gradjane iz Njegoševe. Ćacije ne… pic.twitter.com/0PDvRY4kyO
— Daniel Bukumirovic (@bukumir) August 12, 2025
Во вторник по 23 часот, на повик на студентите, голем број граѓани излегоа во неколку градови за да протестираат против нападот на поддржувачите на Српската напредна партија врз демонстрантите кои се собраа пред локалното седиште на СНС во градовите Врбас и Бачка Паланка во Војводина, како знак на солидарност со уапсените и повредените во претходните протести.
Според извештаите на порталите 021, N1 и видеата и коментарите од социјалните мрежи X, Instagram и YouTube, демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка биле гаѓани со пиротехнички средства, камења, столчиња и шишиња, а директно кон нив биле испукани и петарди.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицаец удира жена со тупаница пред кордонот.
‼️ PAMTI SRBIJO ‼️
“Muškarčina” udara ženi šamar večeras na Vračaru ❗️ pic.twitter.com/aWcunT7Zf8
— Shonetin (@kaonikotinn) August 13, 2025
View this post on Instagram
Министерството за внатрешни работи, сепак, објави дека демонстрантите ги нападнале поддржувачите на СНС и дека „најмалку“ четворица полицајци во кордоните што ги разделуваат двете групи биле повредени во овие напади.
„За време на нерегистрираните собири во Врбас и Бачка Паланка, досега се повредени четворица полицајци од Полициската управа на Нови Сад, вклучувајќи го и заменик-началникот на таа полициска управа“, а тие биле повредени во кордонот што ги разделувал демонстрантите од поддржувачите на СНС пред просториите на партијата, „додека биле нападнати од демонстрантите“, е официјалната верзија за синоќешните протести во тие два града во Војводина.